Вчера во Гелзенкирхен се натпреваруваа Шалке и Вердер, а гостите од Бремен славеа со 3:1.
Шалке очајно ја отвори новата сезона, па забележа два порази и прими дури 11 гола за 180 минути, поради што денес официјално беше отпуштен тренерот Дејвид Вагнер.
Екипата за која вчера дебитираше Ведад Ибишевиќ е во голема неволја и се чини дека ова може да биде црна сезона за еден од најпопуларните германски клубови.
И додека клубот тоне, фудбалерот Гонкало Пачиенка го исмеваше противничкиот играч поради просторот помеѓу двата заби.
Филкруг му ја затвори устата постигнувајќи ги сите три гола во победата на Вердер.
Hahaha ich feier Pacienca dafür dass er sich über die Zahnlücke von Füllkrug lustig gemacht hat pic.twitter.com/2JYBZskiK1
— Vince der Piratenjäger (@Eukakrypto) September 26, 2020