Откако Нејмар по мечот со ПСЖ изјави дека сака повторно да игра со Лионел Меси, многумина го протолкуваа тоа дека Аргентинецот откако ќе му заврши договорот со Барселона, а тоа е идното лето, ќе дојде во ПСЖ.
Новинар, во живо во една емисија му се јави на првиот човек на ПСЖ Насер Ал Келаифи и го праша дали ПСЖ ќе го донесе Меси. Откако слатко се изнасмеа Келаифи изјави дека не може за тоа да зборува во моментов бидејќи Меси е играч на Барселона.
Сепак, неговата реакција многу спортски медиуми во Франција ја протолкуваа како простор за ангажирање или обид за ангажирање на Лионел Меси.
Како што е познато Меси пред почетокот на сезоната сакаше да замине, бараше да му се раскине договорот, но сепак раководството на Барселона не прифати и бараше 700 милиони евра обештетување. Веројатно како слободен играч Меси следното лето ќе бира каде ќе игра.
Lionel Messi au @PSG_inside ? @Cyrilhanouna appelle le président du PSG Nasser al-Khelaïfi pour vérifier. Et il se trouve actuellement à… Barcelone ! ?⚽️ #TPMP pic.twitter.com/efUnIZ4Npf
— TPMP (@TPMP) December 3, 2020