Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на УС Опен откако го совлада Американецот Џенсон Бруксби по четири сета. Српскиот тенисер практично го „преспа“ првиот сет кој го загуби со 6:1, но потоа следуваше игра на онаа на познатиот Ѓоковиќ па го прегази противникот со 6:3, 6:2 и 6:2. Мечот траеше 2 часа и 58 минути.
Парови за четвртфинале (мажи).
Новак Ѓоковиќ (Србија) – Матео Беретини (Италија)
Александар Зверев (Германија) – Лојд Херис (Јужна Африка)
Феликс Оже-Алијасим (Канада) – Карлос Алкараз (Шпанија)
Ботик ван де Зандшулп (Холандија) – Данил Медведев (Русија)