ТАЈМАУТ

ВИДЕО: Ѓоковиќ организираше луда журка, без физичка дистанца

Заврши „Адриа тур“, а освојувач на пехарот е Доминик Тим кој во финалето беше подобар од Филип Крајиновиќ со 2:1 во сетови. Организатор на турнирот, кој имаше хуманитарен карактер беше Новак Ѓоковиќ кој не успеа да се пласира во финалето. Сепак, по завршувањето на турнитот Ѓоковиќ организираше луда журка, а доказ за тоа се дел од видеата на социјалните мрежи.

Секако, во Србија има олеснување на мерките кои беа воведени поради коронавирусот, па сите кои беа на оваа забава едвај чекаа вакво нешто по долгите денови поминати во карантин и самоизолација.