Дуелот од десеттото коло во Германската трета лига го одиграа Верл и Минхен 1860.
Натпреварот заврши со резултат 1:1, а славата ја подигна играчот на домашниот тим Нико Очојски, кој во 66. минута постигна спектакуларен гол кој долго ќе се врти по ТВ -спотовите.
Веројатно имаме и гол на годината.
На ова да додадеме дека за гостите од Минхен стрелец беше Бинкади во 22. минута од натпреварот.
По десет одиграни кола, Верл е на десеттата позиција со 13 бодови, додека Минхен 1860 е на 13 -та позиција со 12 бода.