ТАЈМАУТ

ВИДЕО: Голманот на германскиот шампион, готвеше во култниот ресторан „Македонија“ во Флензбург

Босанецот Бенџамин Буриќ кој е голман на германскиот шампион Флензбург гостуваше во ресторанот „Македонија“ и готвеше пред камерата на германската телевизија „Скај Спортс“.

Босанецот одлично се снаоѓа в кујна, а ресторанот го нарече свој втор дом.

https://www.facebook.com/SkySportHandball/videos/737115726762437/

Скоро три децении во центарот на градот на ракометот ова место е собиралиште на ракометните гурмани, но и на гурманите на добра балканска храна. Нема ракометар кој играл или гостувал во северниот дел на Германија кој не го знае култниот ресторан „Македонија“ во Флензбург.