ФУДБАЛ

ВИДЕО: Голманот се степа со навивачите среде натпревар

Неверојатни сцени се случија на натпреварот во Купот на Северна Ирска помеѓу Балимен Јунајтед и Воренпон.

Балимен го доби овој натпревар со 2:1, а голманот Марк Брајн реши да се пресмета со навивачите за време на судиското надополнување.

Тој налета на публиката и започна физичка расправија со неколку навивачи и настана целосен хаос во кој учествуваа и други играчи.

Менаџерот на Воренпон, Бери Греј е разочаран од тоа што се случува:

„Ова не е добра реклама за фудбалот во Северна Ирска. Никој не сака да гледа вакви сцени. Ние сме во клубот како семејство и сакаме да го зачуваме. Се надевам дека ова е индивидуален испад и ќе биде казнет по прописи. Исто така се надевам дека никогаш повеќе нема да гледаме вакви сцени“, рече тој.

Пресметката беше навистина жестока.