Герет Бејл најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона.
Бејл на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во летото 2013 година од Тотенхем за 100 милиони евра како огромно засилување, но во кралскиот клуб не го исполни точно она што се очекуваше од него.
Иако со Реал освои речиси се што можеше, многумина се на мислење дека можеше да остави многу поголема трага. Тој оваа сезона одигра само четири натпревари и веќе е јасно дека на лето ќе го промени клубот.
На крајот од оваа сезона на Балеу му истекува договорот со Реал Мадрид и веќе е јасно дека кралскиот клуб нема намера да му понуди продолжување на соработката.
Иако често беше во конфликт со навивачите кои го исвиркаа поради лошите игри, Бејл знаеше и да ги воодушеви сите со својата игра. Постигна неколку одлични голови, а еден особено ќе се памети уште долго.
Тоа беше во финалето на Купот на кралот во 2014 година кога играа Барселона и Реал Мадрид, а на крајот кралскиот клуб славеше со 2:1 и Бејл беше тој што со својот гол му донесе победа и трофеј на својот тим.
Бејл го постигна победничкиот гол во 90. минута, а за неговиот спринт се зборува и денеска. Како брз воз го помина Марко Бартра, кој се обиде да го сопре и фаулира, но не успеа.
Велшанецот дури го напушти теренот за да го претекне Бартра и на крајот излезе сам пред Пинто и лесно го совлада со 2:1.
32-годишниот играч досега во кариерата одигра 255 натпревари за Реал Мадрид и успеа да постигне 106 гола и да забележи 67 асистенции.
Со Реал четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите, два пати беше шпански првак, а освои уште четири светски титули, три титули во шпанскиот Суперкуп, три титули во Суперкупот на УЕФА и еден трофеј во Купот на кралот.