Голот на Гигуи 30 секунди до крајот на натпреварот обезбеди важна победа за „Петлите“ против екипата на Норвешка.
Избраниците на Динар одлично го започнаа мечот, одбраната 5-1 функционираше, па Франција брзо се одлепи на +3.
Но работите се променија по тајм-аутот кој го побара Норвешка, „Скандинавците“ влегоа во серија, за кратко време ја стопија предноста на фаворитот, поведоа и на полувреме заминаа со 15-17.
Норвешка продолжи во ист стил и по паузата, го диктираше темпото и во неколку наврати имаше позитива од три гола.
Но шампионскиот квалитет на Франција дојде до израз во финишот од средбата, Карабатиќ донесе изедначување (27-27) на осум минути до крајот и мечот влезе во супер интересна завршница во која се играше гол за гол, а последниот збор го имаа „Петлите“.
Гигу реализираше на 15 секунди до крајот за 32-31 и донесе победа на Франција на стартот на Европското првенство.
Мае со 8 погодоци беше прв стрелец кај светскиот шампион, додека пак Гигу постигна 5. Во редовите на Норвешка, најдобар поединец беше Тонесен со 7 погодоци.