ФУДБАЛ

ВИДЕО: Голот на годината доаѓа од Мексико и тоа од женска лига

Неверојатен гол доаѓа од Мексико од дуелот во фудбалската женска лига.

Габриела Алварез го постигна вториот гол во победата на Хуарез над Кверетаро со 2-0.

Се играше судиското надополнување, а од слободен удар од 35 метри, Алварез ’биеше’ прецизна и постигна фантастичен гол.

Ремек-дело за кое ќе се зборува и за кое на Алварез може да му позавидат многу фудбалери.