Во Португалија, од 5 до 9 јуни се одржа завршницата на Лигата на нации.
На зафршниот турнир учествуваа Португалија, Холандија, Англија и Швајцарија, а Португалија на крајот ја совлада Холандија со 1:0 и го освои трофејот.
Ова беше прво финале на ова натпреварување, а Португалија го искористи домашниот терен и влезе во историјата како прв освојувач на ова натпреварување.
Португалија до финалето стигна со победата против Швајцарија (3:1), а сите три гола ги постигна Кристијано Роналдо.
Роналдо не беше стрелец во финалето, единствениот гол го постигна Гуедес. Бернандо Силва беше избран за најдобар играч на турнирот, а голот Кристијано Роналдо против Швајцарија беше избрана за најдобар на турнирот.
Во четири натпревари беа постигнати девет гола, од кои некои беа постигнати од пенали, а имаше и автоголи.
Затоа е јасно зошто сите три гола на Кристиано Роналдо се најдоа на првите три места.
🏆⚽️ @SOCARofficial Goal of the Tournament ⚽️🏆
🤔 Agree with the order?#NationsLeague pic.twitter.com/16m7LKRqy1
— UEFA EURO (@UEFAEURO) June 10, 2019