ФУДБАЛ

ВИДЕО: Халанд има бомба во нозете, но на норвешкиот селектор му „запре“ срцето поради неговиот потег

Вечерва репрезентацијата на Норвешка ќе игра на гости со Црна Гора во квалификациите за СП.

Сигурно е дека нè очекува интересен натпревар во Подгорица, а се очекува Ерлинг Халанд да биде во центарот на вниманието.

Младиот норвешки напаѓач синоќа на тренинг покажа дека навистина има „бомба“ во нозете.

Постигна неверојатен гол, а потоа срцето на неговиот тренер запре кога тој се пожали на болка по овој удар.

Но, набргу потоа, Халанд се смееше и покажа дека се шегува, па Норвежаните можат да здивнат.