Борусија Дротмунд го освои Купот на Германија, откако во финалето го совлада РБ Лајпциг со 4-1.
Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд постигнаа по два гола за тимот од Дортмунд, а тренерот на Борусија, Един Терзиќ го освои својот прв трофеј како главен тренер.
За време на прославата на играчите на Борусија се случи интересна сцена, а главната улога ја играше никој друг, освен Ерлинг Халанд.
Неговиот соиграч Махмуд Дахуд го допре трофејот пред официјално да му биде предаден на славеничката екипа, а тоа не му се допадна на Халанд.
i just wanna know what he did pls 😭😭😭😭😭 https://t.co/YgTwb5VkzC
— in pain & denial (@dortmundsreus) May 14, 2021
Напаѓачот реши да му подари една „вопитна“ со својот непослушен соиграч и сè изгледаше навистина убаво.
После натпреварот, Халанд имаше уште едно интересно интервју. Тој зборуваше за своите бицепси и натпреварите без публика.
https://twitter.com/i/status/1392962469761622033
Халанд и оваа сезона е навистина неверојатен во дресот на Борусија и на 39 натпревари има постигнато 39 голови со 11 асистенции.