ФУДБАЛ

ВИДЕО: Херојот на Италија, како Роналдо, ги отстрани шишињата Кока-Кола

Откако ја сруши Швајцарија со два гола, италијанскиот играч за врска Мануел Локатели направи интересен потег на прес-конференција.

Играчот за врска на Сасуоло импресионираше на Европското првенство, иако поранешниот играч на Милан дебитираше за националниот тим пред само девет месеци.

Против Швајцарија тој беше двоен стрелец во победата од 3:0 со која „аѕурите“ се пласираа во осминафиналето на турнирот. Локатели, заедно со тренерот Роберт Манчини, се појави на пресот, а потоа направи нешто слично на она што Роналдо го направи во понеделникот вечерта.

Имено, тој тргна две спонзорски шишиња Кока-Кола од пред него додека се приближуваше до масата каде што седеа гостите на прес-конференцијата. Наместо Кока-Кола, тој стави вода пред него.

Потегот на Роналдо и одзеде милијарди долари на американската компанија, додека Пол Погба по дуелот со Германија го тргна шишето Хајнекен, друг спонзор на Европското првенство.

Освен што ѕвездите на ЕП инсистираат на здрав живот, се чини дека тие и создаваат проблеми на УЕФА на интересен начин, иако засега нема санкции.