Фудбалерките на Холандија ќе играат против актуелниот шампион САД во финалето на Светското првенство за жени.
Холанѓанките своето место во финалето на Мундијалот го обезбедија со победата над Шведска од 1:0 по продолженијата.
Неизвесниот натпревар пред околу 50.000 гледачи во Лион го реши фудбалерката на Манчестер Јунајтед, Џеки Гренен во 99 минута.