Борусија Дортмунд во Билефелд стигна ослабена, особено поради тоа што Ерлинг Халанд повторно има проблеми со повредата. Меѓутоа, очигледно тоа не им пречеше многу на гостите, кои славеа со 3:1 против Арминија. Чан, Билингам и Хумелс беа стрелци на головите, а особено прекрасен беше оној на дефанзивецот Хумелс, на кој може да му позавиди и Халанд. Клос во 87-та минута успеа само да го ублажи поразот.
Баерн е лидер во Германија со 22 бодови, додека Борусија Дортмунд е втора со еден бод помалку. Со само пет освоени бодови Арминија Билефелд е на претпоследното место.
СИТЕ ГОЛОВИ ОД ДУЕЛОТ АРМИНИЈА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 1-3