Жонглирање со тоалетна хартија стана хит на социјалните мрежи. Голем број познати спортисти, пред се фудбалери, се одлучија да снимаат вакво видео и да го постават на социјалните мрежи. Меѓу нив е и легендата Франческо Тоти кој го прифати предизвикот. Тој беше предизвикан од Стефан Ел Шарави о Раџа Наинголан.
Кога заврши со жонглирањето Тоти ги предизвика Кристијан Вијери, Марко Ди Вајо и Винсен Кандела.