Златан Ибрахимовиќ објави видео на кое се гледа како пее и игра на песната „Јутро је“ од српската пејачка Нада Топџагиќ. Веднаш се јави и пејачката, која вели дека ја видела снимката и се израдувала што Ибра ги слуша нејзините песни. Како што вели таа за српските медиуми, посакува да го запознае Ибра. Секако таква шанса ќе има за неколку дена бидејќи Милан игра против Црвена Звезда во Лига Европа.