Поранешниот италијански репрезентативен напаѓач Марио Балотели (31) успеа да ја оживее кариерата во Турција, во Адана Демирспор, но сепак привлекува внимание со своето однесување надвор од теренот.
Од кога фудбалска Европа го запозна, Балотели не се промени. И како тинејџер и денес како зрел фудбалер и личност прави разни трикови и често привлекува големо внимание кон себе.
Неговиот последен „подвиг“ е контроверзна шега на сметка на неговиот соиграч Матиас Варгас, кој е позајмен од Еспањол во Адана.
Балотели на Инстаграм објави видео на кое го „изненади“ Варгас допирајќи го со гаќи.
Оваа шега изгледа не му се допадна на аргентинскиот напаѓач, додека Италијанецот се смееше.
No puedo más con la amistad entre el Monito Vargas y Balotelli 😂 pic.twitter.com/xzmJel7pkC
— Gorras CAVS (@GorrasCavs) December 19, 2021