Додека трае изолацијата, фудбалерите се обидуваат да најдат различни начини за да им помине време што е можно побрзо.
Повеќето од нив го поминуваат своето време играјќи игри на интернет, најчесто ФИФА 20. За натпревар на ФИФА 20 се одлучија Рајан Сесегон од Тотенхем и Михаил Антонио од Вест Хем.
Губитникот мораше да го носи дресот на клубот за кој игра неговиот противник, а во овој случај тоа беше Антонио. Сесегон славеше на ФИФА 20 и играчот на Вест Хем мораше да го носи дрес на градскиот ривал.
Антонио реши да го испочитува овој договор и направи видео, а потоа ги воодушеви навивачите на Вест Хем со неговиот потег.
„Јас сум човек од зборо и го одлеков дрес на Тотенхем, но не реков дека ќе дозволам да ми ја допира кожата“, рече Антонио.
https://twitter.com/Michailantonio/status/1242559561057341447