Интер останува без младиот фудбалер, за кој во Милано се сметаше за голема надеж.
Станува збор за 16-годишниот Вилфрид „Вили“ Гнонто.
Поточно, овој млад офанзивен играч денес потпиша договор со швајцарскиот Цирих.
ФК Цирих на својата официјална веб-страница објави дека Гнонто има потпишано тригодишен договор што ќе започне од почетокот на сезоната 2020/2021.
Ова е прв професионален договор за младиот Гнонто, што значи дека Интер веројатно ќе добие само надоместон за тренирање – бројка од околу 200.000 евра.
https://youtu.be/_JVw3JNRreE
Гнонто е роден во италијанскиот град Вербанија, а неговото семејство е од Брегот на Слоновата Коска.
Младиот офанзивен играч беше член на италијанската У17 репрезентација на последното Светско првенство во таа возрасна категорија додека играше за составот на У19 во Интер.