ФУДБАЛ

ВИДЕО: Интер шокираше со новиот дрес, лавина негативни коментари

Интер го претстави новиот дрес, кој е направен по повод новото лого. За прв пат по 27 години следната сезона ќе го нема и претпознатливиот знак на Пирели на предната страна. Па, овој дрес освен поради новото лого, направен е и во чест на Пирели.

Сепак, новиот дрес предизвика многу негативни реакции во Италија. Најверојатно фудбалерите на Интер нема да смеат да го носат на мечевите од Серие А. Според правилата на лигата, еден клуб може да има дресови со најмногу три различни бои, што секако не е случај со новиот дрес на Интер.

Во истите бои Интер има и цела колекција, па ако ништо друго, барем добро ќе заработи од фан шоповите со нивната продажба.