Екипата на Манчестер Сити се запиша во историјата на Премиер лигата по победата над Хадерсфилд во 13. коло.
„Граѓаните“ вчеравечер на гостински терен по резултатски пресврт ги освоија бодовите (2:1) и собраа вкупно 37 од можните 39 во досегашниот тек од Премиер лигата.
Со 12 победи и само едно реми, Манчестер Сити е екипата која освоила најмногу бодови во овој сегмент од најквалитетното англиско фудбалско првенство.