Реал Мадрид денеска го претстави домашниот дрес за сезоната 2019/20.
Веќе некое време, се шпекулираше за новиот дрес на Реал и фотографиите со дизајнот на дресот на Реал, кој го поплавиа интернетот и се покажа како добар дизајн.
Новиот дрес на Реал, се разбира, е бела боја што ги краси кралевите низ историјата, но деталите кои се златни го прават посебен, па се очекува одлична продажба на новиот дрес.
Васкез, Рамос, Модриќ, Бензема и Бејл беа во новиот денес, но фокусот беше на Бејл.

Бејл е сеуште член на Реал, но од неговото лице може да види незадоволство што уште не го напушти Мадрид.
Се шпекулираше дека може да го промени тимот во наредните денови и дека Зинедин Зидан одлучи да изгради тим без него.
https://twitter.com/realmadriden/status/1136905884645318657