ФУДБАЛ

ВИДЕО: Изведува пенали со највисок можен ризик, а тоа е најлудото нешто што некогаш сте го видите

Рускиот фудбалер Норик Авдалијан стана вирален популарен поради начинот на кој ги изведува пенали.

Пред неколку години светот го „запозна“ Норик кој настапува за Нефис Казан. Неговите акробации пред пенал се вистински хит меѓу фудбалските фанови.

Играчот кој порасна во Ерменија постигна акробатски гол на аматерски меч уште во 2018 година. Норик по шутирањето направи салто и така стана вистинска ѕвезда.

Видовме различни начини на изведување пенали, но никој не може да му парира на Норик Авдалијан, кој секоја прилика ја користи на ист начин.

Секако дека е голем ризик да се направи вакво нешто, но очигледно не му недостига самодоверба, што се гледа и од самиот настап.

Присутните на стадионот останаа шокирани кога го видоа ударот на Авдалјан, а сега се изненадени и сите оние кои на интернет ја гледаа акробацијата на 26-годишниот играч за врска.

А вака пред четири-пет години ја изведе најстрогата казна на еден натпревар: