Фантастичен меч одигра Горан Пандев вечерва за кој фудбалерите на Наполи немаа решение. Тој со два гола, во 11-та и 26-та донесе водство на Џенова, кое до крајот на мечот „наполитанците“, иако силно притискаа и напаѓаа, сепак неуспеаја да го анулираат. Она што им успеа е само да го ублажат поразот и тоа преку Политано.
Пандев вечерва стана највозрасниот играч во сите пет лиги кој во оваа сезона запишал најмалку два гола и две асистенции.
Со оглед на тоа дека тој имаше две желби пред пензионирањето, се чини дека и двете ќе му се исполнат. Првата е да се пласира со Македонија на ЕП, а тоа е веќе познато и тоа со неговиот гол против Грузија, и втората да обезбеди опстанок со Џенова. И оваа желба се чини дека ќе биде исполнета, бидејќи со неговите два гола тимот стигна до нови три бода, со кои собра досега 24 и сега е во сигурната зона. Ако продолжат вака да играат опстанокот е сигурен.