Нов гол на Адис Јаховиќ, поранешен македонски репрезентативец кој настапува во Турција. Тој беше стрелец на еден гол во победата на Гозтепе против Анталијаспор од 3:2, тим за кој до пред извесно време играше токму Јаховиќ, затоа и голот не беше прославен од негова страна.
Со овој триумф Гецтепе стигна до 51 бод и е деветопласиран, додека Анталијаспор со 43 е на 13-та позиција на табелата, на четири кола до крајот на првенството.
За Јаховиќ ова беше шести гол во последните 10 меча или во последните два месеци.
GOL | Antalyaspor 1-2 Göztepe, 66' jahovic
Takip –> @GoalHubTR pic.twitter.com/AgdLxr5etK
— Takip @GoalHubTR (@Linkver04765817) May 2, 2021