ФУДБАЛ

ВИДЕО: Јунајтед освои само бод во Њукасл и можат да бидат среќни

Њукасл и Манчестер Јунајтед ги поделија бодовите во 19. коло од англиската Премиер лига, а резултатот на крајот беше 1:1.

„Страчките“ погодија во седмата минута, а ефектниот гол го постигна Алан Сен Максимин.

Гостите не направија речиси ништо во првото полувреме, а домаќинот можеше да го удвои водството, но голот на Вилсон во 38. минута беше поништен поради офсајд позиција. Токму Вилсон мораше да излезе во финишот на првото полувреме поради повреда и беше заменет од Џејкоб Марфи.

Во 48 минута, Максимин имаше одлична шанса да го доведе својот тим во предност, но неговиот удар од левата страна заврши покрај голот. 63. минута носи нова шанса за гостите, а Де Геа повторно го спасува Јунајтед по ударот на Фрејзер.

Домаќините побараа пенал минута подоцна, но судијата не одговори.

А кога Њукасл не ги искористи шансите, една ситуација во шеснаесетникот на домаќините ја искористи резервистот Единсон Кавани и од вториот обид постигна гол за 1:1.

До крајот Кавани имаше уште една шанса, а Њукасл пропушти уште неколку шанси да стигне до вториот гол и да победи. Во 87. минута ја погодија стативата, а во продолжението на акцијата Давид де Хеа неверојатно одбрани.

Домаќините повторно бараа пенал, но немаше пенал.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига