Јувентус одигра нов разочарувачки меч. Овој пат ремизираше на гостувањето кај Беневенто. Без Кристијано Роналдо, кој доби еден меч одмор, овој тим не е ист како со Португалецот.
Јувентус поведе со голот на Мората во 21-та минута, но во судиското продолжение од првиот дел израмни Летиција. Овој резултат остана до крајот на мечот. Стрелецот на голот за Јувентус, Мората доби и црвен картон во судиското продолжение од мечот поради неспортско однесување.
Јувентус барем засега ќе остане на петтото место, додека Беневенто е на 12-та позицја.