Јувентус со пресврт на гостувањето кај Емполи дојде до нова победа од 2:1 во италијанската Серија А, двата гола кој вредеа победа ги постигна Роналдо.
Емполи одлично го започна натпреварот, а Капуто во 28. минута постигна гол за водство на домаќините од 1:0. Резултатот на семафорот не се промени до крајот на првото полувреме и со предност од еден гол домаќините заминаа на пауза.
Радоста на домаќините ја запре Роналдо во 52. минута, кога од пенал беше прецизен и изедначи на 1:1. За Португалецот ова беше прв гол од пенал во дресот на Јувентус.
Во 70. минута Кристијано Роналдо со прекрасен гол од далечина направи пресврт на натпреварот, воедно му донесе и победа на Јувентус од 2:1.
За Јувентус ова беше деветта победа во оваа сезона од 10. одиграни кола, Јуве и понатаму останува не поразителен во Серија А, сега како лидер на табелата има 28 бода, 7 бода пред Наполи кој натпревар помалку.