Познатиот јужноафрикански клуб Мемелоди Сандаунс, остана за еден месец без двајца важни фудбалери. Тие настрадаа во две одвоени сообраќајни несрежи. Прво кон средината на ноември загина Анела Нонка (33), а за жал сега животот го загуби и неговиот соиграч Мотјека Мадиша (25).
Мадиша доживеал сообраќајна несреќа во сабота вечерта и тоа само неколку часа откако присуствуваше на клупската прослава за 50 години постоење. Несреќата се случила во Кемптон Парк, а причините засега не се познати. Познато е само дека патувал со уште една личност која е потешко повредена.
Мадипша од 2016-та е член на овој тим, а за репрезентацијата на Јужна Африка одигра 13 мечеви.