На прес конференијата, која беше онлајн, пред патувањето во Скопје, Жозе Мурињо одговараше на новинарски прашања. Во еден момент модераторот не забележа дека новинар од Македонија бараше прашање, па Мурињо реагираше и нашиот колега доби можност да постави прашање. Едното всушност беше молба, за фотографија со него после мечот со Шкендија. Новинарот Игор Александровиќ побара да се фотографира со него во чест на неговиот татко, кој е починат, а кој бил негов голем обожавател.
https://www.facebook.com/25427813597/posts/10159068590018598/
Во негова чест новинарот сакал фотографијата да ја стави на спомен обележјето на гробот на неговиот татко. Мурињо покажа невиден гест и порача дека без разлика на мечот фотографијата ќе биде направена. Тоа и се случи. Во хотелот во кој што се сместени фудбалерите на Тотенхем веднаш по пристигнувањето во Скопје Мурињо го исполни ветувањето.