Барем уште едно коло во Италија ќе биде одложена прославата на титулата на Јувентус, бидејќи синоќа загуби од Удинезе. Тешко е да се верува дека во последните три кола ќе се случи некакво чудо бидејќи „Старата Дама“ има голема предност од шест бодови пред Аталанта, седум од Интер и осум од Лацио.
Но, трката за Лигата на шампионите е завршена. Следната сезона во „елитата“ ќе играат Јувентус, Аталанта, Интер, но и Лацио. „Римјаните“ славеа против Каљари со 2:1 и со тоа и математичи обезбедија пласман во Лигата на шампионите, прв пат по пауза од 13 години.
Мечот го одбележа неверојатниот гол на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој при резултат 0:1 во корист на Каљари испрати вистинска „бомба“ за 1:1. Во 60-тата минута Имобиле го постигна својот 31.гол оваа сезона за победа на Лацио, прва по пауза од пет меча (4 порази и едно реми).