Арсенал слави на „Олд Трафорд“ по пауза од 14 години. Пјер Емерик Обамејанг е стрелец на единствениот гол во 69-та минута со кој „Топџиите“ славеа со 1:0. Сепак, на ова му претходеше почетничка грешка на Пол Погба.
Французинот направи прекршок врз Балерин во сопствениот шеснаесетник. Судијата Мајк Дин покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Обамејанг.
Манчестер Јунајтед имаше само два удари во рамките на голот на противникот, што секако е премалку за избегнување на пораз.
Со овие три бода Арсенал стигна на осмото место со 12 бодови, а Јунајтед е дури на 15-тото место со седум бодови од шест одиграни мечеви.