Искусниот Камерунски напаѓач Самуел Ето ова лето го напушти турскиот Коњапор и тргна на пат кон Катар.
Таму потпиша едногодишен договор со Катар СЦ, а вчера покажа дека се уште е фудбалски мајстор.
Неговиот тим губеше со 2:0 на гостувањето кај Ал-Шанаи кога во 52. минута постигна навистина мајсторски гол со „петта“
Сепак неговата екипа немаше сила за изедначување или пресврт, домаќинот ја зголеми предноста на 3:1, а Ал Кубаиси во судиското продолжение ги постави конечните 3:2.
37-годишниот Ето зад себе има навистина бодата кариера во која ги бранеше боите на голем број клубови како камерунскиот Кадиј Спортс, Реал Мадрид, Еспањол, Маљорка, Барсе,она, Интер, Анжи, Челзи, Евертон, Сампдорија, Анталија и Коњаспор.
😎Samuel Eto'o, Qatar SC formasıyla ilk golünü attı. pic.twitter.com/hHhuk9ZQwC
— Sporx Ekstra (@sporxekstra_) September 14, 2018