Вицепрвакот во НБА лигата Кливленд ја продолжува победничката серија, која сега изнесува десет победи во низа.
Кливленд ноќеска на гостувањето кај Атланта забележа победа со 121:114.
Кевин Лав и Леброн Џејмс средбата ја завршија со дабл-дабл учинок. Лав постигна 25 поени, а имаше и 16 скока, додека Џејмс средбата ја заврши со 24 поени и 12 асистенции, а одлична парттија имаше и Двејн Вејд мечот со 19 поени.