Евертон и Ливерпул одиграа 2:2 во одличен натпревар на „Гудисон Парк“.
Средбата беше обележана и со неколку контроверзни ситуации. ВАР воопшто не им одеше во прилог на „црвените“, поради што не е изненадувачки зошто Јирген Клоп беше лут по натпреварот.
“Имаше повеќе клучни моменти. Повредата на Вирџил ван Дијк во раните фази на играта. Не го видов повеќе, но траеше премногу долго и офсајдот не беше премногу голем. И тогаш Пикфорд го фаулира”.
“Единственото нешто што го видов во соблекувалната беше голот на Хендерсон и додавањето за Сејди. И не видов офсајд. Можеби некој може да ми објасни затоа што не го видов офсајдот на сликата”
„Беше офсајд затоа што некој реши да биде офсајд“.
“Тежок момент е затоа што црвениот картон за Ричардсон е само црвен картон за Евертон, и тоа беше голем фаул над Тијаго. Има мраз на коленото, не знаеме за каква повреда се работи. Не изгледа добро да бидам искрен”.
https://youtu.be/awQck2lMIao
“Го поддржувам ВАР. Против Вила беше офсајд, но не беше денес. Сите ми велат дека немало офсајд, но тоа не го подобрува моето расположение. Изгубивме еден играч со Вирџил, а можеби и друг со црвен картон”.