Според „Tuttosport“ најголем интерес за доведување Николо Барела, еден од најталентираните играчи, покажаа тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Талентираниот 21 – годишен играч ги помина сите младински тимови на Азурите, примарна позиција му е централен играч од средниот ред, иако доста солидно може да игра и на двете крилни позиции на средина на теренот.
Сопственикот на тимот од Сардинија, Томазо Џулини го проценува на 40 милиони евра.
Освен интересот на Ливерпул за него покажаа најголемите италијански клубови како Јувентус, Наполи и Интер а Скаутите на Ливерпул на дело ќе имаат можност Барела да го видат во саботата кога Каљари е гостин на Џузепе Меаца.