Третолигашкиот фудбалски клуб во Шпанија, Маркела ФК го откри сензационалниот проект за нивниот нов стадион со капацитет од 18.000 места, што ги остави навивачите без зборови.
Марбела ФК ги објави своите планови во петокот за време на изложбата, додека стадионот беше опишан како „градски накит кој го симболизира градот“, од извршниот директор Окар Рибот.
Новиот стадион ќе биде изграден на истата локација како сегашниот стадион на клубот, Естадио де Марбела и вклучува хотел и трговски центар.
💥 🏟 Soñar en grande es….aspirar a lo ‘imposible’.
💫 #SoñemosEnGrande pic.twitter.com/QltBhstNJ7
— Marbella FC (@marbella_fc) July 24, 2020
Овој проект ја разјаснува намерата на клубот да се крене во елитната фудбалска лига во Шпанија, Ла Лига, што го призна самиот претседател на клубот за време на презентацијата на проектот.