Баерн Минхен сезонава освои се што можеше да се освои. Уште преостанува Супер купот на Европа против Севиља, па радоста и успехот да бидат комплетни. Германскиот тим на своите социјални мрежи објави видео од „тим билдингот“ кој го практикувал.
Честото заедничко дружење веројатно придонело за зближување на фудбалерите, а со тоа и подобрување на атмосферата во клубот. Кога ќе се погледне оваа снимка ќе ви стане јасно зошто токму Баерн Минхен оваа сезона ја освои Лигата на шампионите.