ПСЖ вчера вечер го победи Марсеј со 3:1, додека Барселона го победи Бетис со 4:1 на гостински терен.
Еден од најдобрите играчи на ПСЖ во оваа игра беше Ди Марија кој постигна два гола, а вториот беше вистинска мајсторија.
Во 66. минута Аргентинец постигна гол од 27-28 метри, а голманот на Марсеј немаше никакви шанси за да ја спаси својата мрежа.
https://twitter.com/Farhaan_bwfc1/status/1107401728616513537
Исто така за Барселона, кој друг ако не Меси, од слободен удар постигна гол и хет-трик. Меси во 18. минута го сруши рекордот на постигнати голови од слободен удар.
https://twitter.com/Leo__Cuccittini/status/1107382671007719424
Па сега останува прашање кој слободен удар беше поубав, оној на Ди Марија или на Меси?