ФУДБАЛ

ВИДЕО: Колку Мане го сака Ливерпул најдобро покажува неговата реакција по голот против Евертон

Садио Мане е еден од најдобрите играчи во светот, поради неговата скромност и однесување, тој е омилен меѓу соиграчите и тип на фудбалер, кој било кој тренер би го посакал во својот тим.

Тој настапува за Ливерпул веќе неколку години и очигледно е многу приврзан кон клубот од „Енфилд роуд“.

Ливерпул изборија пласман во четвртото коло од ФА Купот, откако го совладаа Евертон со 1-0. Голот на одлуката на 20 минути пред крајот го постигна младиот Куртис Џонс.

А каква атмосфера владее во екипата на Ливерпул најдобро покажува реакцијата на Мане откако топката заврши зад грбот на Пикфорд.

Прекрасниот Сенегалец се загреваше на линија, а кога топката заврши во мрежата, тој почна да се радува како тој да е стрелецот.