ФУДБАЛ

ВИДЕО: Конечно се најде некој кој не сакаше да го трпи Серхио Рамос

Серхио Рамос беше исклучен во финишот на првото полувреме на натпреварот помеѓу Ремс и ПСЖ.

Во 41. минута шпанскиот дефанзивец за неколку секунди доби жолт картон, а потоа и директен црвен.

Фудбалерите на ПСЖ протестираа пред судијата Пјер Гејусте поради прекршокот што го досуди во корист на домашниот тим. Поради ова жолти картони добија Марко Верати и Серхио Рамос.

Сепак, судијата Гејусте не сакаше да ги трпи навредите кои дефанзивецот на ПСЖ продолжи да ги упатува по жолтиот картон и му покажа директен црвен картон.

Овој навистина интересен момент погледнете го ТУКА.

Рамос и неговите соиграчи беа зачудени. Шпанецот не можеше да поверува дека мора да го напушти теренот и јасно се запраша зошто го доби црвениот картон.

ПСЖ нема да може да смета на Рамос во следните два натпревари, а казната може да биде уште поголема доколку судијата во извештајот наведе сериозна причина за исклучувањето на играчот на ПСЖ.

Очигледно ова момче не сакаше да трпи навреди и реши да покаже дека и понатаму е „газда“ на теренот.

Вакви работи веројатно би оделе добро кај Рамос во Шпанија и немало да има црвен картон, но кај француските судии апсолутно никој не е поштеден во последно време и картоните се редат како на лента.

Едвај натпревар во Лига 1 минува без црвен картон и очигледно судиите добиле инструкции да ги казнат сите навреди, но и насилни стартови, за разлика од претходните години.