ФУДБАЛ

ВИДЕО: Крај на надежите на Силекс за Лигата на шампионите

Силекс не успеа да го совлада Карабах и да се квалифукува во следното коло на квалификациите за Лигата на шампионите. Македонскиот претставник загуби со 4:0.

Резултатот беше отворен уште во 11. минута од натпреварот. Ромеро беше прецизен и му донесе водство на својот тим од 1:0.

https://streamable.com/d3fabs

Домашната екипа во 40. минута го зголеми водството на 2:0 преку Гвериер. Но, тука ситуацијата е малку спорна, а прашањето кое се наметува е дали имаше фаула над Божиновски. Како изгледаше сето тоа може да се види на видеото подолу.

https://streamable.com/bb49p4

Второто полувреме немаше подобрување во играта на Силекс, а Карабах продолжи со исто темпо и постигна нови два гола.

Третиот гол беше забележан во 51. минута, а Гвериер повторно се запиша во листата на стрелците.

Четвртиот гол го постигна Емрели во 80. минута.

Силекс тука ги завршува настапите во Европа, Кратовчани сепак беа немоќни да направат нешто повеќе и да се квалификуваат во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНО

Силекс