ФУДБАЛ

ВИДЕО: Шансите за следна фаза се намалени на минимум, Украина славеше во Букурешт

Репрезентацијата на Македонија денеска го одигра натпреварот од 2. коло на ЕУРО 2020, против репрезентацијата на Украина, на кој загуби 2:1.

Репрезентацијата на Украина одлично го започна натпреваро, креираа напади, повеќе се играше на нашата половина.

Првата сериозна закана кон голот на Македонија беше во 8. минута, но Димитриевски реагираше брзо по одличниот шут на Малиновски.

Како што течеше натпреварот, Македонија полека почна да ја префрла играта на половината на Украина а првата сериозна закана ја имаше Барди во 13. минута, но неговиот шут беше блокиран.

Во 16. минута Елиф Елмас шутираше блиску до стативата.

Македонија во 18. минута имаше полуконтра, Пандев успеа го освои капитенскиот дуел, не да испрати центаршут.

Украинците имаа шанса за гол во 21. минута, но на наша среќа не го реализираја нападот до крај.

На половината на провото полувреме креираја опасна акција по дената страна, Јармоленко се обиде да шутира, но шутираше во блокот, а Димитриевски брзо реагираше и ја боксоваше токата.

Украина продолжи да притиска и да креира напади, во 28. минута Јармоленко имаше шанса за гол, Димитриевски интервенираше, па топката заврши во корна, по која Јармоленко го реализира во гол.

https://streamable.com/if4f5i

Македонија не успеа да ситигне до изедначување, а Украина продолжи да игра како да нема водство, па во 34. минута Јаремчук успеа да ја затресе мрежата на Македонија за 2:0.

https://streamwo.com/SQKPJT0

Македонија успеа да постигне гол во 39. минута, но голот на Пандев беше поништен поради офсајд позиција, а само една минута по одличната акција на Македонија, Украинците имаа шанса за гол, но Димитриевски успеа да спаси авто гол од страна на Велковски.

Во 43. минута Шапаренко направи брз прз продор во шеснаесетникот и по дуелот со Велковски падна, па судијата му додели жолт картон за симулација на пенал, а на полувреме заминаа со резултат 2:0.

Македонија покажа многу подобра игра во второто полувреме, па на самиот почеток на второто полуврме Аријан Адеми доби прецизно додавање, утираше во долниот лев агол, но не успеа да ја затресе мрежата.

Александар Трајковски во 50. минута беше премногу насилен и направи фаул. Судијата Фернандо Рапалини го виде тоа и ја прекинува играта.

Руслан Малиновски шутираше добро од слободен удар. Тој шутираше во левата нога, но Столе Димитриевски го одбрани многу убаво

По десет минути игра во второто полувреме, беше досуден пенал за Македонија, а одговорноста ја презеде Алиоски, кој беше прецизен по одбиената топка и намали на 2:1.

https://www.dailymotion.com/video/x820s3m#tab_embed

Македонија продолжи со добрата игра, фудбалерите се однесуваа како да не е истиот тим од првото полувреме, играна на антпреварот ја префрлија на половината на Украина.

Во 68. минута Трајковски шутираше од далечина а голманот на Украина одбрани, тоа беше трет корнер за Македонија, по кој имавме шанса за гол по одземената топка но не успеавме да изедначиме.

По опасниот шут на Трајковски, двете репрезентации креираја напади но немаше сеиозни закани кон головите.

На само 10 минути пред крајот на основното време Украина имаше центаршут но не беше закана за Димитриевски.

Судијата Рапалини, во 82. минута прегледуваше ВАР по слободниот удар, по прегледаната снимка Рапалини досуди пенал за Украина, Малиновски ја презеде одговорноста, но не успеа да го совлада одличниот Димитриевски.

Во самиот финиш на натпреварот Македонија имаше корнер, но дефанзивците на Украина расчистија.

Судијата надополни 4 минути, а Македонија се обидуваше да дојде до израмнување, кое сите го посакуваја, но не го постигнаа израмнувачкиот гол.

На само неколку секунди Трајковски шутираше но не беше прецизен.

 

 

 

ПОВРЗАНО

Горан ПандевЕлиф ЕлмасЕзѓан АлиоскиСтоле ДимитриевскиЕнис Барди