ФУДБАЛ

ВИДЕО: Кристијано Роналдо испиша историја

Кристијано Роналдо погоди двапати вечерва на дуелот помеѓу Португалија и Франција, кој заврши 2:2.

Одличниот Роналдо беше незапирлив за Французите, а тој испиша историја вечерва.

Имено, Роналдо го постигна 109-от гол за репрезентацијата, и со тоа се изедначи на претходниот рекордер, иранскиот великан Али Даеи.

Благодарение на вечерашните два гола, Роналдо е најдобар европски стрелец на сите турнири со 21 погодок, а сега го престигна легендарниот Германец Мирослав Клосе.

Роналдо има постигнато 109 голови на 177 натпревари.

Дебитираше за репрезентацијата на Португалија во 2003 година, кога имаше 18 години.