Поранешниот австралиски фудбалер Марк Брешиано во изјавата за италијанските медиуми го обвини Кристијано Роналдо за кражба на неговата прослава на гол.
Роналдо е познат по неговата прослава на гол што стана хит низ целиот свет, но поранешниот играч на Парма и Лацио го обвини играчот на Јувентус дека ја украде неоговата прослава. Брешиано тврди дека првин тој почнал да ги слави головите на овој начин, но очигледно сите го заборавиле тоа.
“Има иста прослава на гол како што правам јас, тоа е крадење од мене. Не сум мислел претходно за тоа ништо, но кога некој ми сврте внимание, тогаш видов дека прославата на гол е речиси иста. Сите можни споредби околу нас двајцата завршуваат токлму тука, бидејќи со него малкумина можат да се споредат. Би ми било чест да бидам инспирација за него, но навистина се сомневам во тоа “, рече Брешиано.