Кристијано Роналдо денес ја презира Кока-Кола, но тој одамна го рекламираше истиот пијалок, но очигледно заборави на тоа.
На прес-конференција во понеделникот пред натпреварот на ЕУРО против Унгарија, капитенот на португалската репрезентација одлучи да премести две шишиња Кока-Кола од масата, велејќи им на новинарите и на јавноста дека треба да пијат вода
Ова за многумина беше изненадување, имајќи предвид дека Кока-Кола е еден од главните спонзори на Европското првенство, но Роналдо е решен да промовира здрав живот. Може да биде казнет за неговиот потег, а Кока Кола наводно паднала за дури четири милијарди евра на берзата поради неславното рекламирање.
Иако многумина ќе речат дека лошото рекламирање е всушност – рекламирање, се чини дека во овој случај не е така.
Но, наскоро на Интернет се прошири стар клип кога Роналдо гордо ја рекламираше Кока-Кола. Тоа беше јапонска реклама пред Светското првенство 2006 година, а Роналдо не беше толку популарен како денес.
https://twitter.com/i/status/1404716751988928515
Во тоа време, Кока-Кола не му пречеше, но во меѓувреме очигледно сфати дека пијалокот не треба да се консумира и дека не вреди да се изложува на атлетичари на некој голем турнир како што е Европското првенство.
Роналдо постигна два гола на првиот натпревар на Европското првенство и ја предводеше Португалија до победата над Унгарија (3:0) во Будимпешта, а за оваа селекција вистинските возбудувања допрва следуваат, бидејќи остануваат дуели со Франција и Германија.
Но, да се вратиме на Кока-Кола уште малку. Американската компанија му одговори на Португалецот:
„Секој има свој омилен пијалок и различни вкусови и потреби.
На крај, да додадеме дека Роналдо со два гола стигна до бројката од 11 гола во победата на Португалија над Унгарија и со тоа стана најефикасниот фудбалер на сите времиња на Европските шампионати.
https://youtu.be/sGQ0BX3j8_E