Португалија нема да ја брани титулата во Лигата на нации откако загуби од Франција со минимални 0-1.
Кристијано Роналдо имаше фрустрирачка игра зад себе, и уште еднаш се покажа дека Триколорите воопшто не му одговараат на големиот Португалец.
Во еден од нападите, Роналдо се фрли и „полета“ во надеж дека ќе добие фаул по дуелот со Адриен Рабиот.
Сепак, судијата Штилер само погледна во бесот на Роналдо по незаслужениот фаул во опасната зона.
https://streamable.com/trzsvk
Инаку, ова беше шести натпревар на Роналдо против Французите. Одигра вкупно 438 минути, а се уште нема постигнато ниту еден гол против тој тим.