
Македонската ракометна репрезентација штотуку истрча на паркетот во салата во Вараждин каде што се загрева за вечерашниот клучен натпревар против Чешка.
Вистинско изненадување е што на паркетот истрча и Кирил Лазаров, за кој до последна минута не се знаеше дали ќе настапи против Чешка.
На социјалните мрежи на големи се пишува дека Чешка вечерва е наша.
Ова е клучен натпревар за Македонија за пласирање во полуфиналето. Доколку ја победивме вечерва Чешка, ни останува уште селекцијата на Данска.
https://www.facebook.com/nova.makedonija/videos/10155270690653059/
Натпреварот започнува во 20.30 часот.